parallax background


Училиштето Делфин и германскиот јазик

Во своето 18 год. постоење нашето училиште се специјализира и работи исклучиво на изучување на германскиот јазик

Од основањето па до денес училиштето ги нуди сите видови на курсеви по германски јазик, за деца, ученици и возрасни слушатели. Нуди редовни, полуинтензивни, интензивни и суперинтензивни курсеви во поединечна и групна настава според Европската референтна рамка за јазици за сите нивоа: А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2. Наставата до 2014 год. се изведуваше на класичен начин со помош на учебници, работни тетратки, ЦДа и ДВДа од познатите издавачки куќи за учебници по германски јазик, како и бела табла, видео бим и ТВ.


Онлајн настава?

ПРВО ОНЛАЈН УЧИЛИШТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Во јули 2015 год. во Училиштето за германски јазик Делфин Битола беше инсталирана првата МУДЛ училница, специјализирана за изучување на германскиот јазик онлајн. Училницата е прва и единствена од ваков вид во Република Македонија. Во неа курсистите имаат можност онлајн да го изучуваат германскиот јазик, на еден нов метод, кој е многу застапен насекаде во светот. Наставата се изведува со и без физичко присуство во училница, со 100% примена на ИКТ во наставата, преку платформата за учење МУДЛ и помошната програма за работа во училница Net Support School.

специјализирано училиште
за германски јазик
19 год. искуство и традиција
9 год. ОНЛАЈН НАСТАВА
безброј задоволни курсисти
даваме гаранција за квалитетно
изучување на германскиот јазик

Изберете курс кој најмногу Ви одговара:

РЕДОВЕН КУРС

Редовните курсеви нудат изучување на германскиот јазик во пократок временски период. Тие се наменети за ученици, средношколци, студенти и возрасни слушатели. Тие се едносеместрални и се изведуваат во групи до макс. 5 слушатели. Слушателите можат да учат од училница или од дома. Наставата се изведува со интензитет три пати неделно по 90 минути. Достапни се следните цели нивоа: А1, А2, Б1, Б2, Ц1 и Ц2.

 

Степените според Европскате референтна рамка за јазици (ЕРРЈ)


Кога веќе учиш германски јазик, учи квалитетно, учи кај најдобрите!!!

parallax background
parallax background