Моодле

ШТО Е МООДЛЕ???

Моодле претставува платформа за учење, која служи за подготовка и користење на материјали за учење, истата се користи од поединци, група, институција или организации, ги поддржува кооперативните процеси за учење и служи како алатка за комуникација помеѓу учесниците, како и менаџирање со фајлови и документи.
Името Моодле значи „модуларна објекторентирачка и динамнична средина за учење. Mоодле важи денес за име кое кое се развива во портал за учење и кое станува кај корисниците, ученици и наставници се попопуларен, важи за бренд на една многу едноставна техника за учење и учење на нови методи кои ја поддржуваат креативноста и способноста за учење кај учениците.
Иницијатор и главен програмер е Martin Dougiamas од Перт, Австралија, кој ја состави платформата во 1999 год. како проект по програмирање. Програмскиот код е „Open Source“ отворен код и подлежи на лиценца „GNU General Public License“ бесплатна лиценца. Ова значи дека платформата се користи и ќе се користи бесплатно и истата смее да се променува и дополнува се додека резултатот на програмскиот код е слободен. Програмскиот код е изработен во програмскиот јазик PHP, кој исто така е бесплатно достапен.
Преку своите основни модули моодле поддржува пристап на учениците до наставниот материјал, комуникација помеѓу нив, комуникации помеѓу учениците, наставниците и гостите, обработка, самооценување и оценување на сработеното како и можности за одредување, тестирање и спроведување на анкета. Генерално, моодле поддржува настава, во која учениците се многу активни и истите носат голема одговорност за наученото. Постојаното користење на оваа платформа го одредува наставникот и тие ги придружуваат учениците во индивидуалното или кооперативното учење. Во директен разговор можат да се рефлектираат процеси на учење и групни процеси, меѓусебно да се договараат, да се поделуваат задачи за работа и многу други работи.

повеќе информации на  Moodle – Open-source learning platform | Moodle.org

Кои се предностите за користење на моодле во наставата по германски јазик?

• постојана употреба на ИКТ во наставата,
• олеснување на организација и комуникација во училиштето, класот, по групи,
• поставување на дневни, годишни и глобални планирања,
• поставување на материјали за учење од сите видови: видео, текст, аудио, линк и сл.
• следење на активностите на ученикот и наставникот, односно учењето,
• автоматско оценување,
• изработка на електронски тестови и оценување
• поставување на ППТ презентации, пдф фајлови и сл. (ученичко портфолио),
• постојано следење на учениците,
• задавање и доставување на домашна работа,
• импортирање на учебници, линкови, веб страни и сл.
• правење на анкета, работилница,
• користење на веќе поставени материјали, тестови и сл. од минатите години,
• календар на активности,
• пристап преку интернет во секое време и за учениците и за наставниците